ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Замрзнување на цените, Мицкоски: Да се најде најдоброто решение кое ќе ги...

Замрзнување на цените, Мицкоски: Да се најде најдоброто решение кое ќе ги задоволи сите

54

ЗА Предлогот за замрзнување на цените на дел од производите или за ограничување на висината на маржата, премиерот Христијан Мицкоски рече дека ќе се одлучува по средбата на министерот за економија и труд со трговците и производителите, за да се најде најдоброто решение кое ќе ги задоволи сите.

Запрашан дали поддржува ограничување на маржата или ограничување на цената, Мицкоски, не прецизирајќи, рече дека ја поддржува практиката да се забранува богатење на одредени лица и кражба на граѓаните. Но, одложувањето на одлуката предизвика реакција од опозициската СДСМ. Од оваа партија велат дека ова е показател дека Владата на Мицкоски нема економски концепт и не се грижи за стандардот на граѓаните.