Во целост ја демантираме информацијата на синдикатот СПАЈС дека вработените во ЈСП не зеле плата, реагираат денеска од Град Скопје.
„Зачудувачки е како само неколкумината во синдикатот СПАЈС сѐ уште немаат добиено плата. Имено, заклучно со денес сите вработени во ЈСП ги добија септемвриските плати. Причините за ширење на лаги и невистини од страна на СПАЈС за нас се непознати, а не сакаме да веруваме дека станува збор за политички мотивирани дејствија“, велат од Град Скопје.