Министерството за внатрешни работи информира дека вчера, околу 03:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Ѓорче Петров било запалено патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на Д.Д. (30) од Скопје.
Според непотврдени информации, сопственикот на возилото е полициски инспектор во Министерството за внатрешни работи.
Извршен е увид од страна на СВР Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.