ПОЧЕТНА СВЕТ Испукани куршуми во близина на Доналд Трамп додека играл голф

Испукани куршуми во близина на Доналд Трамп додека играл голф

116

Имало истрели во близина на американскиот кандидат за претседател Доналд Трамп, пренесуваат светските медиуми, без конкретни детали за тоа што конкретно се случило.

„Претседателот Трамп е безбеден по истрелите во неговата близина. Засега нема повеќе детали“, изјавил портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг, во изјавата во која не даде дополнителни детали, пренесува Си-Ен-Ен.

Поранешниот претседател играл голф во Интернационалниот голф клуб Трамп во Вест Палм Бич. Клубот веднаш бил затворен, изјавил извор за американската телевизија.