ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Молк од фирмата која требаше да ја изгради катната гаража позади Собранието

Молк од фирмата која требаше да ја изгради катната гаража позади Собранието

36

Молк од компанијата „Анго“, која има уште четири дена да ја заврши кантата гаража во дворот на Собранието на парцелата која ја купила од државата, пред повеќе од 10 години. Тв 24 побара став од фирмата, откако вчера и официјално премиерот Мицкоски најави дека со инвеститорот ќе бараат решение за спорната градба, но оттаму не одговорија на нашите пораки и телефонски повици. Според неофицијалните информации на Тв 24, денеска стигнал допис од собранискиот спикер до Владата, инвеститорот, но и до МВР за средба следната недела. Според истите информации, наместо министерот Тошковски, кој поради конфликт на интереси, бидејќи бил адвокат на фирмата, нема да биде на состанокот, но ќе има претставник од БЈБ, инстуцијата која учествувала во одлуката дека градбата е небезбедна.

Од општина Центар велат дека во оваа фаза тие не можат да направат ништо, особено откако општината во 2021 го изгубила спорот, за дозволата за градба која ја дала локалната власт во 2013-та година. Катната гаража е согалсно Деталниот урбанистички план.

Општина Центар

– Општина Центар во овој момент нема правен механизам ниту законска можност да го спречи градењето на катната гаража лоцирана до Собранието, со оглед дека изведувачот „Анго“ поседува правосилно одобрение за градење. Во секој случај, Општина Центар очекува најавеното изнаоѓање решение од Владата и надлежните министерства да оди во правец кој нема да биде на штета на граѓаните на Општина Центар, на институцијата и на општинскиот буџет.

Дел од безбедносните експерти освен што се шокирани дека пред десетина години било проценето дека градбата на приватно лице не претставува ризик за безбедноста, порачуваат и дека мора да има одговорност.

Тв 24 имаше увид во документи во кои од МВР и од одбрана, потпишани од Јанкулоска и Јолевски, се тврди дека градбата не претставува ризик. Дописот е испратен до Собранието, по барање на тогашниот генерален секретар Жарко Денковски. Ставот дека таква грдаба која е на само неколку метри до прозорците и вратите на Собранието е ризик е нов, откако во март оваа година се побарало ново мислење од законодавниот дом. Премиерот Мицкоски вчера најави дека со решението освен што треба да се заштити Собранието, државата треба да биде фер кон инвеститорот, без да прецизира дали тоа значи дека државата ќе го откупи земјиштето или ќе биде експропирано.