ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Луѓе блиски до Мицкоски имаат фирми во Бугарија и вртат милиони, тврди...

Луѓе блиски до Мицкоски имаат фирми во Бугарија и вртат милиони, тврди СДСМ

34

По неколкудневните прозивки од владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, крие фирма во Бугарија, од опозициската партија враќаат со иста мера.

Портпаролката на СДСМ, Богадна Кузеска, денеска на прес-конференција соопшти дека почнуваат со откривање на, како што кажа, шемите на фирмите на најблиското семејство на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Бугарија и во Македонија.

„Денес ќе дознае јавноста, зошто ДПМНЕ и Мицкоски всушност ширеле лаги за претседателот Венко Филипче, тоа било единствено за една цел, за да ги покријат фамилијарните бизниси на Мицкоски во Бугарија и Македонија. Во следните денови јавноста ќе ја дознае вистината за тоа кој од најблиското опкружување на Мицкоски врти милиони и како го поддржува Мицкоски“, рече Кузеска.

Според тврдењата што ги изнесе таа, на улицата „Антон Попов“ број 57 во бугарскиот град Петрич наводно е регистрирана фирмата „Дано транс# ЕООД, на баџанакот на Мицкоски – Јорданчо Јанев.

„Јанев, кој важи за еден од најблиските соработници на Мицкоски, меѓу другото и фамилијарно поврзан, вртел пари преку оваа фирма. До 3 милиони бугарски лева биле свртени од оваа фирма во Бугарија, во 2018 година односно околу 1,5 милиони евра“, изјави Кузеска.

Како што посочи портпаролката, во овој бизнис не бил вклучен само баџанакот на Мицкоски, туку на истата адреса во Петрич имало уште една – „Инфинити транспрот група“, чиј раководител и сопственик е Данчо Карастове, прв братучед на Јанев.

Од опозициската партијата упатија серија прашања до премиерот Мицкоски во врска со изнесените тврдења и порачаа дека доколку не одговори, СДСМ ќе ги објави сите информации.