ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Сончево и топло, од утре дожд

Сончево и топло, од утре дожд

229

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде од 10 до 19, а максималната од 25 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 36 Целзиусови степени.

Според УХМР, од петок следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.