Кривична пријава е поднесена против 27-годишниот Џ.С. од Скопје поради „разбојништво“ и „разбојништво во обид“.
Имено Џ.С. на 16-август со пиштол вперен во едно лице го принудил да извади пари од банкомат и да му ги даде. Ова не му било прв ваков случај. Неколку месеци претходно на истиот начин, на 10 мај на кејот „Димитар Влахов“ во Скопје принудил и друго лице да извади пари. Откако проверил дека друго лице немало пари на банкарската картичка, со пиштол му упатил закани“, соопшти МВР во дневниот билтен.