ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Фатен уште еден пироман во Битолско, бил затекнат како пали сува трева...

Фатен уште еден пироман во Битолско, бил затекнат како пали сува трева близу фабрика

460

Полициски службеници од одделението Велушина при СВР Битола уапсиле уште еден пироман кој бил затекнат на самото место како потпалува сува трева во битолското село Кременица. И. Т., кој е жител на истото село, потпалил оган во близина на фабрика за вода, а пожарот навреме го изгаснале од битолската Територијална противпожарна единица.

При преглед, кај И. Т. била пронајдена запалка со која го предизвикал пожарот. И. Т. е приведен и по целосно документирање на настанот ќе следува кривична пријава.

Летово, СВР Битола има приведено неколкумина жители од Битолско за кои постојат сомнежи дека се обидувале да подметнат пожари на отворено.