ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се однесува како да е штотуку дојден во земјава

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се однесува како да е штотуку дојден во земјава

35

,,Филипче се однесува како да е штотуку дојден после 40 години во земјава како мал заминал во Јапонија и сега се вратил и се однесува како јапонски турист, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се додава:

„Оваа негова моќ да се преправа како да не е од тука е на ниво на стрип јунак.

Да го потсетиме дека тој е суштински дел од проблемот на неказнивост. Узурпирајќи ја под наредба на Заев фотелјата на лидерското место во СДС тој освен што сака не казнивост туку и се надева дека ќе заборавиме дека му беше и се уште му е извршител на Заев во сите матни работи.

Вакво глумење како Филипче нема ни во цел Холивуд веќе. За Нетфликс да не зборуваме.

Неговите способности за вакво однесување мора да се гледаат освен со осуда и презир и со воодушевување поради тоа што ретко има човек со ваков ѓон од образ да зборува за работи чиј неизоставен дел е и самиот тој. Тој е дел од мрачното минато на лопувлок и предавства кои во Македонија ако сакаме да постои, не смее да се повтори. И му порачуваме Македонија ќе успее и ќе победи. А неговата глума и ова патолошко однесување народот го гледа јасно и го препознава.

Македонија не може целосно да победи ако финално не ги порази последните обиди на Заев преку неговиот тендер-хирург Филипче да се врати во власта.

Народот тоа го знае и освен што ќе изгубат и треба да одговараат еден по еден за сите неправди кон Македонија и целата штета што ѝ ја направија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.