Денеска народните избраници за прв пат во овој парламентарен соњтав ќе гласаат за менување или не на првиот меѓу еднаквите, спикерот Африм Гаши.
Интерпелацијата за собранискиот спикер Гаши е поднесна од Левица.
Според распоредот на силите и најавите кој како ќе гласа, интерпелацијата тешко ќе добие мнозинство.
ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН нема да ја поддржат иницијативата за интерпелација, додека пратениците на СДСМ и Коалицијата и Левица ќе гласаат „за“.
Од ДУИ нема прецизен одговор. Неофицијално интегративците на Ахмети на почетокот на седницата ќе го искажат ставот зошто и што му забележуваат на Гаши и ќе ја напуштат собраниската без да гласаат.
Интерпелацијата, Левица ја засноваа на 7 точки во 10 страници каде според нив собранискиот спикер работел нестручно, неуставно и неделовнички, но и како што наведуваат ја повредил секуларноста на државата бидејќи дозволил извршување на верски обреди на една од седниците на комисиите . Во забелешките е наведен и случајот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром за што Гаши исто така посочи пак дека реагирал со цел да избегне инцидент а останатите прашања повторно ги адресираше на МВР. Според Левица, Гаши како претседател на Законодавниот дом направил и повреда на употребата на македонскиот јазик затоа што заклетвата што ја даде како веќе избран претседател прво ја дал на албански, а не на македонски јазик. Во интерепалцијата е наведено дека спикерот го злоупотребил и Законот за државни симболи .
Опозицијата ќе ја искористи можноста и да говори за скандалот со сватовите и свадбата на Косово.
Интерпелација е регулирана во Деловникот на Собранието.
Право да ја образложи интерпелацијата на седница на Собранието има еден од пратениците што ја поднеле интерпелацијата, во траење од 20 минути.
Субјектот на кого му е поставена интерпелацијата има право да го образложи својот писмен одговор или да даде устен одговор на поставената интерпелација, во траење од 20 минути.
Претресот по интерпелацијата трае еден работен ден до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до 24,00 часот.
За да биде разрешен функционер потребна е поддршка од 61 пратеник.