ПОЧЕТНА ЗАБАВА Синот на Бекам се откажа од фудбал, ќе станува манекен

Синот на Бекам се откажа од фудбал, ќе станува манекен

56

Ромео Бекам, синот на славниот англиски фудбалер Дејвид, одлучи да се откаже од фудбалот на самиот старт на својата и не толку перспективна кариера.

Од синовите на Бекам се очекуваше да тргнат по стапките на својот татко, што и направија, но најблиску до тоа да направи кариера беше Ромео, кој добиваше шанси ширум светот.

Меѓутоа, не успеа во тоа.

Ромео играше за вториот тим на Интер Мајами во САД, клубот во сопственост на неговиот татко, а најблиску до сериозен фудбал беше по преминувањето во англискиот премиерлигаш Брентфорд минатото лето.

Меѓутоа, и во Брентфорд го чекале настапи за резервниот тим и воопшто не се доближи до сениорски фудбал.

Тоа го натерало да се откаже од фудбалот и да се посвети на нова кариера.

Ромео одби да игра за резервниот тим, па на 22 години одлучи да ја прекине кариерата.

Неговиот нареден предизвик ќе биде кариера, логично, во модната индустрија.

Насред информацијата за прекинот на неговата кариера, татко му Дејвид му пратил емотивна порака за 22. роденден, порачувајќи му дека е горд на човекот во кој се претворил.

Ромео не е единствениот син на Бекам кој се откажа од фудбал.

Најстариот син Бруклин се обиде да направи кариера во академијата на Арсенал, но се откажа во 2015-та година откако не доби стипендија.