ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Утре координација на пратеничката група на СДСМ за интерпелацијата на Гаши

Утре координација на пратеничката група на СДСМ за интерпелацијата на Гаши

34

СДСМ утре ќе има координација со пратеничката група на која ќе донесе став за интерпелацијата на претседателот на Собранието Африм Гаши.

Како што изјави денеска лидерот на СДСМ Венко Филипче, координацијата треба да се одржи околу 10 часот.

– Ќе дозволите тоа да не биде мој личен став, туку на пратеничката група, истакна Филипче, одговорајќи на новинарски прашања по собирот што го организира неговата партија за зголемување на платите на просветните работници.

Собранието за 3 септември ја закажа седницата на чиј дневен ред е интерпелацијата на Гаши, поднесена од пратениците на Левица.