ПОЧЕТНА СВЕТ Нови детали за состојбата на Бора Чорба – лекарите даваат се од...

Нови детали за состојбата на Бора Чорба – лекарите даваат се од себе

2658

Неговиот менаџер Бане Обрадовиќ откри дека лекарите даваат се од себе да го подобрат, а пејачот се бори.

Бора Ѓорѓевиќ се уште е во Клиничкиот болнички центар во Љубљана.

Неговиот менаџер Бане Обрадовиќ откри дека лекарите даваат се од себе да го подобрат, а пејачот херојски се бори.

Како што сега се наведува, Конзилиумот во Клиничко-болничкиот центар во Љубљана заседава секојдневно за да одлучува за понатамошните чекори кои ќе ја подобрат здравствената состојба на Бора Ѓорѓевиќ.

Според последните информации, состојбата на фронтменот на групата „Рибља Чорба“ се уште е сериозна и тој е интубиран поради компликации предизвикани од хронична опструктивна белодробна болест.

Со соодветни терапии, лекарите даваат се од себе за да ја подобрат здравствената состојба, особено и бубрезите и црниот дроб.

Инаку, за неговата здравствена состојба проговори и сестрата на неговата сопруга Дубравка.

– Немам ништо ново да ви кажам. Сè е точно како што пренесувате. Тој е интубиран… Дубравка секој ден оди да го види кога го посетува. Многу и е тешко. Докторите и дозволија да остане уште малку со него. Нормално, посетите на интензивна нега се само половина час за најблиските, но и дозволуваат да остане со него неколку часа. Може да се влезе само во придружба, никого не пуштаат само така – рекла таа и потоа додала:

– Се уште ништо не се знае, чекаме, се надеваме дека ќе оздрави, сите сме оптимисти… Тоа е таква болест, секое белодробно крило може да ја влоши оваа основна болест. Имаше многу пневмонија во последно време, многу кашлаше – заклучила Даша сестрата на Дубравка.