Дваесет и деветгодишниот битолчанец Н.Д. вчера е приведен од битолската полиција и одреден му е триесетдневен притвор, а против него е поднесена и кривична пријава поради сомневање дека изнудувал пари од негова сограѓанка.
Битолчанецот, како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), се сомничи дека од февруари 2023 до вчера во повеќе наврати преку социјална мрежа упатувал закани кон 49 – годишна жена од Битола и нејзиното семејство и на тој начин од неа изнудил околу 400 илјади денари.
Битолчанецот бил затекнат при примање пари од жената, кои биле пронајдени и одземени. Од МВР велат дека со наредба на Основен суд Битола, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени две ловечки пушки, различни видови патрони за ловечка пушка и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.