ПОЧЕТНА СВЕТ Заменик командантот на КФОР: Подготвени сме да се справиме со секое важно...

Заменик командантот на КФОР: Подготвени сме да се справиме со секое важно безбедносно прашање

436

Заменик-командантот на КФОР Федерико Бернака денеска за време на состанокот со претставниците на Српската листа изјави дека мисијата на НАТО на Косово има видливо присуство на цело Косово и е добро подготвена да се справи со секое прашање важно за безбедноста.

Како што информираат од КФОР, делегацијата на Српската листа ја предводел претседателот на таа партија Златан Елек, а на средбата биле изнесени ставовите за последните безбедносни случувања, вклучително и оние на северот на Косово.

„Генерал Бернака ја сослуша загриженоста што ја изрази делегацијата. Тој истакна дека КФОР има видливо и флексибилно присуство низ Косово и е добро подготвен да се справи со секој важен безбедносен настан“, се вели во соопштението.

Бернака, се додава во соопштението, ја повтори „непоколебливата посветеност“ на мисијата да придонесе за безбедноста и стабилноста на сите луѓе кои живеат на Косово, во секое време и на непристрасен начин, во согласност со мандатот што ѝ го дадоа ОН.

Во таа насока, КФОР продолжува целосно да го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ“, се наведува во соопштението.

Косовската полиција вчера ги затвори српските „паралелни структури“ во четири општини на север, на што реагираа меѓународни претставници, кои акцијата на косовските власти ја оценија како еднострана.