ПОЧЕТНА СВЕТ Автобус се преврте: Загинаа 6-годишно девојче и 16-годишно момче, страотна несреќеа на...

Автобус се преврте: Загинаа 6-годишно девојче и 16-годишно момче, страотна несреќеа на автопатот 20 во Мисисипи

5175

Седум лица, меѓу кои шестгодишно девојче и шеснаесетгодишно момче, загинаа денеска, нешто пред 01:00 часот по полноќ кога автобусот се превртел источно од градот Виксбург, во американската држава Мисисипи, потврди судскиот советник од округот Ворен.

Еден брат и сестра на возраст од 6 и 16 години се меѓу загинатите во несреќата, изјави судскиот советник од округот Ворен, Даг Хаски, пренесе Си-Ен-Ен. Шест патници се прогласени за мртви на местото на настанот, додека седмиот починал во болница, а триесет и седум патници се пренесени во болниците во Виксбург и Џексон со повреди за кои не се знае дали се сериозни, соопшти локалната сообраќајна полиција и потврди дека истрагата е покрената.