ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА УЖАС: Тешко е повреден патник откако паднал во автобус во Велес

УЖАС: Тешко е повреден патник откако паднал во автобус во Велес

27

Осумдесет и деветгодишен маж е тешко повреден откако паднал во автобус во Велес.

„Вчера во 08.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „АСНОМ“ во Велес, во близина на бензинска пумпа, при излегување од автобус „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управуван од С.М.(42) од село Горно Оризари, Велешко, кој застанал за да излезат патници, П.К. (89) од Велес паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес“, информираат од МВР.

По овластување на јавен обвинител увид извршила увидна екипа од СВР Велес.