Двајца работници на „Делта ерлајнс“ загинаа, а еден е повреден во несреќа што се случи вчера во објектот за одржување на авиони на меѓународниот аеродром Хартсфилд-Џексон Атланта во САД, соопшти авиокомпанијата.
„Оваа вест не погоди сите тешко“, соопшти „Делта“.
Компанијата додаде дека инцидентот се случил во одделот за одржување на тркалата и сопирачките, но не соопштија детали.
Повикувајќи се на извори, WSB-TV со седиште во Атланта објави дека работник и аутсорсер на „Делта“ загинале кога гума на авионот експлодирала додека се вадел.
Авионот пристигна во Атланта од Лас Вегас во неделата, објави телевизијата.