Фронтменот на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ со денови е во Клиничкиот центар во Љубљана, а поради лошата здравствена состојба е приклучен на респиратор. Како што се наведува во медиумите, пејачот е интубиран и се наоѓа во многу тешка состојба.
Додека лекарите се борат за животот на пејачот, неговата сопруга и најблиските пријатели се постојано покрај него и му даваат поддршка.
„Многу ни е жал за Бора, ги следиме сите вести што ги објавувате за неговото здравје. Тој редовно доаѓаше овде. Купуваше овошје и зеленчук на пазар, а потоа сакаше да си седи во кафуле и да ужива“, раскажаа вработените во еден маркет, а девојка од блиското кафуле открива каде го поминувал поголемиот дел од времето:
„Често беше во друштво на Ладо Лесковар и Владо Креслин. Тој има две кучиња, со кои се шеташе во паркот кој е на пат кон неговата куќа. Бора е вљубен е во овој дел од Љубљана. Одеше и до блиската планина Рожник, таму има и езеро и таму поминуваше многу време. Последен пат беше некаде во јуни“, раскажа таа.
„Последен пат го видов пред два месеци. Тој е многу пријателски настроен. Во последно време беше навистина болен, неколку пати имаше тешко воспаление на белите дробови. Тој е љубезен, луѓето го сакаат овде. Многу се промени физички во последно време, се гледаше дека има болки. Јас имам најубаво мислење за него, како човек и како сосед“, вели љубезна сосетка за „Курир“.