ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Стефковски: ЈКП Гази Баба доби ново специјално возило за собирање смет

Стефковски: ЈКП Гази Баба доби ново специјално возило за собирање смет

47

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски направи посета на Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007, каде што изврши промоција на новото специјално возило за собирање на компресирање на смет.

За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

„ЈКП Гази Баба доби ново специјално возило за собирање на смет Продолжува напредокот и модернизацијата на Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007. Заврши набавката на новото специјално возило за собирање и коморесирање на смет кое ќе овозможи поефикасно собирање на сметот од јавните површини. Вредноста на набавеното возило е 3.000.000 денари. Набавката на возилото е уште еден показател за нашата решителност да обезбедиме здрава и чиста животна средина. Ова не е единствената инвестиција која се реализира во ЈКП Гази Баба. Пред половина година извршивме набавка на вакум цистерна за чистење на фекална канализација, камион кипер со носивост до 1200 килограми, теренско мозило Мазда камионет и нисконосечна приколка со носивост до четири тона. Развојот на ЈКП Гази Баба ќе продолжи и во следниот период! – напиша Стефковски.