ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Низа свечености во Македонија, се одбележуваат 114 години од раѓањето на Мајка...

Низа свечености во Македонија, се одбележуваат 114 години од раѓањето на Мајка Тереза

55

Денеска со низа свечености во Македонија, се одбележуваат 114 години од раѓањето на Гонџа Бојаџиу, позната како Мајка Тереза.

Во текот на својот живот, Мајка Тереза, за својата хуманитарна работа, има добиено повеќе од 700 награди и се смета за најнаградуваната личност на 20 тиот век. Добитничка е на Нобелова награда за мир.

Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на 26 август 1910 година, на тогашната улица „Поп Кочина“ број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија.

По повод 114 годишнината од роденденот на Мајка Тереза, претседателот на владата, Христијан Мицкоски зема учество на манифестацијата „Светлината на Гонџе” во спомен куќата и споменикот на Мајка Тереза на улица Македонија. Ќе се случуваат и други настани во чест на Мајка Тереза како класичен концерт во кулутрно инфромативниот центар во Скопје.