ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мицковски: Ј.П. Државни патишта се ослободува од криминалот

Мицковски: Ј.П. Државни патишта се ослободува од криминалот

87

За овие два месеци десеткратно е подобрена состојбата во ЈП за државни патишта. Тоа го покажуваат финансиските резултати. Исто така ако во ЈП за државни патишта за еден милион и 100 илјади евра е подобрена состојбата, ако во УЈП за 40 % е зголемена наплатата или во Царина за 20 %, можеме да замислиме какви пљачки се правеле досега, истакна претседателот на Владата, Христијан Мицковски при денешната посета на ЈП за државни патишта заедно со потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Премиерот Мицковски потенцираше дека за овиe два месеци со напoрнa работa на ЈПДП и Министерството за транспорт, состојбата во Државни патишта полека се стабилизира и уште еднаш јавно го повика Јавното обвинителство да ја истражи секоја сомнителна постапка и пријава за незаконско работење на државните институции.

– Ова Јавно претпријатие полека се стабилизира и се ослободува од криминалот. Сегашната состојба во ЈПДП ме радува бидејќи работата се стабилизира. Со посветена работа на тимот од ЈПДП и на потпретседателот на Владата и министер за транспорт Николоски, од состојба 10 спрема еден во долгови, сега состојбата е десеткратно подобрена и е тука некаде. Македонија беше обремена од криминал од епски размери, бевме сведоци на криминално однесување на Владата предводена од СДСМ и ДУИ и затоа го повикувам Јавното обвинителство да си ја заврши својата работа и да ја испита секоја пријава за незаконско работење, изјави Христијан Мицковски, претседател на Владата.

Министерот за транспорт Николоски потенцираше дека затекнатите состојби биле катастрофално лоши со заглавени проекти од неколку години, но дека најголем дел од проблемите се надминати и следи период во кој засилено ќе се работи на реализација на капиталните проекти.

– Да го земеме проектот за експресен пат Градско-Прилеп, заглавен повеќе од една и половина година заради административни работи. За кратко ја решивме состојбата, проектот го одглавивме и набрзо граѓаните ќе можат да возат по нов пат. Имаме одлична соработка со ЈП за држави патишта, на дневна и неделна основа ги решаваме најголемите проблеми со автопатот Кичево-Охрид и автопатиштата на Коридор 8 и 10. Следи период на стабилизација што не радува, во истовреме го повикувам Јавното обвинителство да си ја работи работата и да почне да ги истражува сите сомнителни работи – изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски истакна дека состојбата со сметката во претпријатието била во многу лоша состојба со преку 1 милијарда денари долгови, но дека за две месеци состојбата значително е подобрена.

– Не се плаќало факутри од февруари кон Македонија пат за извршени работи и кон Министерството за финансии за ануитети за доспевани долгови. На сметката имавме 90 милиони денари и долг од преку 1 милијарда денари. Со домаќинско работење за кратко време на сметка имаме 1,1 милијарда денари и долг од 1,3 милијатрда денари што десетпати е поодбрено прибирањето на приходите. Исто така од наплата на патарина за споредба само во месец јули имаме зголемување од наплатата за 66 милиони денари или 1,1 милион евра плус отколку минатата година, што не радува – изјави Коце Трајановски, директор на ЈП за државни патишта.