ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Стружанец се бранел дека ја чистел нивата и со отпушок предизвикал пожар,...

Стружанец се бранел дека ја чистел нивата и со отпушок предизвикал пожар, ама полицијата му најде канти со бензин

1792

Едно лице е повикано во охридската полиција на информативен разговор во врска пожарот што вчера вечер изби во близина на аеродромот во Охрид.

Полициски службеници од СВР Охрид излегоа на местото на настанот каде претходно биле две лица во близина на патничко возило „тојота“ кои потоа веднаш се дале во бегство со друго возило.

„Од страна на Територијалната противпожарна единица-Охрид пожарот бил изгаснат, а пристигнал и 23-годишен жител на Струга, кој кажал дека нивата била негова сопственост и дека со негови роднини вршеле средување на нивата, а пожарот настанал поради негово невнимание односно додека извршувале работи. Истиот фрлил неизгаснат отпушок од цигара од што настанал пожарот кој не успеале да го стават под контрола. На местото на настанот пронајдено е и патничкото возило „тојота“ и две канти со бензин, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.