ПОЧЕТНА СВЕТ „Моето тело испратете го во Чачак, а срцето оставете го во Љубљана“:...

„Моето тело испратете го во Чачак, а срцето оставете го во Љубљана“: Бора Ѓорѓевиќ се бори за живот

31447

Еден од најпознатите рокери во регионот, Бора Ѓорѓевиќ, е во болница во Љубљана и е приклучен на кислород.

Како што откри менаџерот на „Рибља чорба“ Бане Обрадовиќ за српски „Курир“, здравјето на Бора Ѓорѓевиќ нагло се влошило, а целата јавност е загрижена за неговото здравје.

Бора Ѓорѓевиќ е роден во Чачак, а често јавно изјавуваше дека има трема само во текот на настапите во родниот град.

– Роден сум во Чачак и бев многу возбуден кога го добив признанието за почесен граѓанин. Јас сум од Чачак на привремена работа таму некаде надвор, сите што сме надвор од Чачак еден ден ќе се вратиме на падините на Јелица за да останеме трајно во Чачак – рекол тој низ насмевка.

– Тоа признание обично се доделува постхумно, а мене постхумно не ми значи многу, бидејќи нема да знам. Би сакал да доживеам такво нешто во Чачак. Додуша, имам нешто слично во белградската Зоолошка градина, таму постои патека наречена сокакот на Бора – рекол Бора.

– Голема е одговорноста да се свири во Чачак, јас во мојот град секогаш имам трема, па и сега, на оваа возраст – објаснил тој,

Пенсата „Две гитари“ што ја направи заедно со покојниот басист Миша Алексиќ, ја расплака публиката. Освен што ја отпеа, најпрвин им ја рецитираше песната на чачанците, оставајќи им ја во аманет својата последна желба.

„Моето тело пратете го во Чачак, во Србија, Во Љубљана оставете ми го срцето, нека биде тука. Не трошете џабе пари, Не сум толку важен лик“…

– Таа песна извесно време беше хит во Чачак. Ќе биде интересно како звучи денес половина век подоцна. Чачак за мене е чиста емоција. Да речеме, денес добив фотографија од фотографот Војо Пештерац на која сме Бранковиќ, Точак и јас, тоа е непроценливо – рекол своевремено за „Курир“.