ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА До темел изгоре кавадаречката фирма Ником

До темел изгоре кавадаречката фирма Ником

104

Кавадаречката фабрика „Ником“ изгоре во пожар. На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со екипи на „Комуналец“, Шумското стопанство „Бор“, како и екипи од Велес и од Неготино.

Пожарот бил локализиран околу 01:30 часот, но екипа на ТТПЕ Кавадарци останала да дежура во теќот на ноќта и да ја следи состојбата.

За пожарот информираше и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој на Фејсбук напиша дека Територијалната противпожарна единица интервенирала во полн состав од 30 пожарникари. Засега нема детали за причините за пожарот.

„Ником“ е семејна фабрика, основана во 1993 година, за производство на дрвена амбалажа од сите видови димензии, како и производство на пелети. Располага и со ладилник за складирање на земјоделски производи.