ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Автомобил со македонски таблички учествувал во сообраќајка во Албанија

Автомобил со македонски таблички учествувал во сообраќајка во Албанија

2131

Автомобил со македонски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна несреќа, што се случила кај албанскиот град Либражд, кој е во близина на преминот Ќафасан, кај Струга.

„Во автомобилот со скопски регистарски таблички се наоѓало четиричлено семејство, при што со полесни повреди се здобиле родителите. Укажана им е лекарска помош во хируршкото одделение во регионалната болница во Елбасан и се надвор од животна опасност“, објавија албанските медиуми.

Несреќата се случила во 12:40 часот кај месноста Мураш, на патниот правец Либражд-Елбасан, кога дошло до директен судар на комби возило и автомобилот.

Несреќата се случила на делница од патот кој се реконструира, каде е поставен семафор за регулирање на движењето. Едно од возилата не го почитувало семафорот, судирајќи се со другото возило.