ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА 19-годишно момче е тешко повредено откако со возило излетало од пат

19-годишно момче е тешко повредено откако со возило излетало од пат

154

19-годишник е тешко повреден во сообраќајка на регионалниот пат Берово-Струмица.

– На 20.08.2024 во 06.00 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Џердови воденици“,патничко возило „фиат добло“ со беровски регистарски ознаки, управувано од П.В.(19) од с.Ратево, беровско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Здравствен дом Берово, информираа од полицијата во дневниот билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово.