ПОЧЕТНА ЗАБАВА Нашата „министерка“ се појави на плажа и блесна во ова жешко издание

Нашата „министерка“ се појави на плажа и блесна во ова жешко издание

3867

Сања Цинцева, една од нашите најпознати фолк-пејачки, реши малку да одмори и да си ги наполни батериите.

Сања Цинцева, една од нашите најпознати фолк-пејачки, реши малку да одмори и да си ги наполни батериите.

Имено, пејачката ги спакува куферите и скокна на еден од најпознатите краци кај нашиот јужен сосед.

Позната по својата енергија кога е пред публиката, нашата Барби сега одлучи да ги почести и своите фанови на Инстаграм.

Таа позираше во својот омилен костим за капење и објави неколку фотки кои веднаш станаа вирални на социјалните мрежи.

Станува збор за дводелен модел со интересен животински дезен со кој Сања ги нагласи своите занесни облини и ја покажа својата беспрекорна линија привлекувајќи им го вниманието на сите.

Таа целото издание го зачини со своите нови бели крок-папучи и сламен шешир и кога ваква се појави на плажа ги остави сите без здив.

Потсетуваме, Сања Барби важи за една од нашите најпознати фолк-пејачки која привлекува внимание и со својот провокативен стил, па според многумина таа е една од омилените пејачки.