ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ВИДЕО: Страшно за гледање – силно невреме, откорнати дрвја и поплавени подруми...

ВИДЕО: Страшно за гледање – силно невреме, откорнати дрвја и поплавени подруми ја зафатија Хрватска

1202

Силното невреме кое во текот на ноќта од неделата кон понеделникот го зафати поширокото сплитско подрачје им нанело многу проблеми на пожарникарите кои најмногу ги отстранувале дрвјата кои паднале на коловозите, но и црпеле вода од поплавените подруми.

Во Противпожарниот-оперативен центар на Сплитската жупанија, се дозна дека вработени во Јавната противпожарна служба (ЈВП) на градот Сплит, заедно со колегите од доброволната противпожарна служба (ДВД) Сплит, во текот на ноќта отстранувале дрвја од коловозите, јавува ХИНА.

Така веќе по 23 часот дрва паѓаа главно во центарот на градот, на патиштата и на паркираните возила на шеталиштето Мажураниќ, во улиците Каштеланска, Звонимирова, Рендиќева, Зринско-Франкопанска, Планчиќева и Старчевиќева. Во улицата Вишка во Бачвице и на Путу Фирула поплавени се подрумски простории за што е потребна и интервенција на пожарникарите.