ПОЧЕТНА СВЕТ Вучиќ тврди дека невладини организации добиле стотици милиони евра за негово уривање

Вучиќ тврди дека невладини организации добиле стотици милиони евра за негово уривање

478

Александар Вучиќ, претседателот на Србија најаи дека во текот на оваа и на минатата година, дл од српски невладини организации добиле огромни суми на пари за уривање. Тој наведе дека станува збор за десетици, па и стотици милиони евра.

-Оваа и минатата година ова се рекордни пари. Огромни пари. Погледнете ја само медиумската содржина и се останато, тоа не се стотици милиони евра, туку милијарди евра. Само пресметајте го тоа, нема да зборувам за сè друго. Во првите шест-седум месеци имате инвестирано 78 милиони евра преку овој невладин сектор, и тоа не во секој невладин сектор, туку во овој многу политички и антидржавно ориентиран, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател кажа дека тоа треба да се евидентира како значајно учество во странските директни инвестиции „бидејќи се работи за десетици, а јас би се осмелил да кажам стотици милиони евра“.

Тој очекува во наредните денови јавноста да биде информирана за тоа како сето ова функционира.

Коментирајќи го тоа што Министерството за надворешни работи на Кина објави дека има докази дека американски служби стојат зад протестите минатата година во Србија, тој порача дека внимателно ќе го проучи и прочита извештајот што беше објавен, но дека сега може да каже дека многу чудни работи се случувале во минатото, како и оваа година.

-Кога прочитавме дел од ова, побарав целосниот извештај да го проучам детално, бидејќи има многу други интересни работи за некои други земји, за некои други субјекти, а јас сакам тоа да го прочитам. Ние внимателно ќе проучиме и прочитаме сè што објави Владата на Кина, како што секогаш читавме што објавува Стејт департментот и што објавува Руската влада. Единствено што можам да кажам е дека имаше многу чудни работи минатата и оваа година, рече Вучиќ.