ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ ОД 8 ДО 19 СТЕПЕНИ: Следува поголемо освежување на...

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ ОД 8 ДО 19 СТЕПЕНИ: Следува поголемо освежување на времето

27854

Судејќи барем според моменталните следења и наблидувања, конечно после многу долго време, се буди голема надеж за спас од пожарите, горештините и големата суша која ја зафатија нашата Македонија, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Од овој викенд, а особено во почетокот на следната седмица очекуваме чести врнежи, грмежи, како и локално, но силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град. Во почетокот на следната седмица се очекува и поголем пад на температурите, и тоа за 8 до 19 степени, локално и за повеќе од 10 степени, што значи дека ни следува поголемо освежување на времето.“ вели Попоски.