ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА АЈДЕ БРЕ ДОСТА ГЛУМИТЕ: Кекеновски за бегството на Блерим Рамадани

АЈДЕ БРЕ ДОСТА ГЛУМИТЕ: Кекеновски за бегството на Блерим Рамадани

2228

По бегството на Блерим Рамадани, се огласи професорот Јове Кекеновски.

„АЈДЕ БРЕ ДОСТА ГЛУМИТЕ.

Зарем 10-тина дена му требаа на тричлениот судски совет на Кривичнииот суд да се собере и да одлучи по жалбата за одредување куќен притвор на Блерим Рамадани?

Зошто во меѓувреме Судскиот совет не поведе експресна постапка за судијата кој го одредил куќниот притвор кога на сите им беше јасно дека судската мерка е скандалозна и имаше за цел во блиска иднина да му се овозможи полесно бегство на притворениот.

Зошто досега молчеше Судскиот совет?

Зошто ниту еден од политичарите не го осуди судијата кога ја изрече мерката, туку сега хорски гракаат?.

Ова е уште еден недозволен пример кој бара итен и длабок рез без пардон во правосдуството“, напиша тој на Фејсбук.