Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави оти донел одлука да ја посети Газа и дека неговиот живот не е повреден од животите на децата во енклавата.
„Не ни преостанаа многу решенија. Поради тоа, јас и целокупното палестинско раководство одлучивме да одиме во Газа, бидејќи мојот живот не е повреден од животот на децата таму“, рече Абас, пренесува агенцијата Анадолија.
Говорејќи на вонредна седница на турскиот парламент, Абас порача дека без Газа не може да има држава Палестина. Палестинскиот претседател истакна дека „израелскиот окупатор“ е осуден на исчезнување.
Говорот на Абас, во траење од 46 минути, беше рпоследен со овации од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пратениците и другите гости на седницата.