ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Средба на Мицкоски со поранешниот директор за национално разузнавање на САД, Ричард...

Средба на Мицкоски со поранешниот директор за национално разузнавање на САД, Ричард Гренел

89

Денеска заедно со Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски остваривме средба со поранешниот директор за национално разузнавање на САД, Ричард Гренел, објави на социјалната мрежа на Фејсбук премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.

На средбата се дискутираше за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, при што беше истакнато значењето на одржување на мирот, безбедноста, стабилноста и продлабочување на односите и соработката меѓу државите во овој дел од Европа. Посебен акцент беше ставен на односите со САД, како и на можностите за нивно дополнително зајакнување.

Ги анализиравме можностите за искористување на потенцијалите за идни заеднички инвестиции во проекти значајни за регионот. Во наведениот контекст беше разгледана можноста за евентуално американско учество во енергетскиот проект „Чебрен“, кој има стратешко значење за енергетската независност на земјата.

Изразив посебна благодарност до г. Гренел за неговата посветеност во градењето на севкупните односи помеѓу двете земји. Притоа истакнав дека Владата останува силно посветена кон продлабочување на стратешката соработка, со особено внимание во областите на владеење на правото, економијата и енергетиката, пишува Мицкоски во својат6а објава.