ПОЧЕТНА СВЕТ Во Италија запленети 148 килограми кокаин, уапсени тројца Албанци

Во Италија запленети 148 килограми кокаин, уапсени тројца Албанци

158

Во италијанското пристаниште Ливорно уапсени се тројца Албанци и запленети 148 килограми кокаин, прошверцуван од Еквадор.

– Дрогата била скриена во пратка со банани наменета за Швајцарија. Уапсените Албанци, од кои двајца се браќа, илегално влегле во индустриското пристаниште во тосканскиот град за да ја „соберат“ наркотикот скриен во контејнер кој пристигнувал од пристаништето Гвајакил во Еквадор, јавија албанските медиуми.

Италијанските власти дејствувале врз основа на дојави споделени со Царинската агенција.

-Скенер идентификувал 139 пакети во контејнерот, по што полицијата се позиционирала и чекала неколку часа за да ги фатат лицата кои ќе дојдат по стоката во контејнерот. Тројцата уапсени не дале отпор. Тие не се жители на Италија, немале документи и било тешко да се идентификуваат, додаваат медиуми.

Судот во Ливорно ги потврди заплената и апсењата. Запленетата дрога е најголемата заплена на кокаин во последните години во ова пристаниште.