ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Малолетник со мотоцикл прегази пешак во кумановско, и двајцата се повредени

Малолетник со мотоцикл прегази пешак во кумановско, и двајцата се повредени

60

Малолетник со мотоцикл прегази пешак во кумановско.

– На 11.08.2024 околу 13.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат во село Романовце, кумановско, мотоцикл управуван од малолетник од село Романовце удрил во пешакот А.А.(56) од истото село. Во несреќата пешакот А.А. се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетникот се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Куманово, информираа од полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.