Во пожарот во Пехчево изгоре единственото противпожарно возило.
Заменик директорот на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов објави дека во големиот пожар кој го зафати Пехчевско, изгоре единственото противпожарно возило на ДПД Пехчево. И покрај овој голем удар за локалната противпожарна служба, пожарникарите се здрави и живи.
„За жал ни се случи голема катастрофа. Зафатено од пламените јазици ни изгоре единственото противпожарно возило на ДПД – Пехчево, за среќа колегите пожарникари се здрави и живи“, се вели во објавата на социјалните мрежи.