ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Авион со 62 патници се урна во Бразил – се стравува...

(ВИДЕО) Авион со 62 патници се урна во Бразил – се стравува дека нема преживеани

239

Авион со 62 патници се урна денеска во станбена област во градот Винхедо, во бразилската држава Сао Паоло, соопшти авиокомпанијата, но засега не е јасно колку луѓе се повредени или загинати.

Авиокомпанијата VoePass преку соопштение потврди дека авионот кој се движел кон меѓународниот аеродром Гуарулхос во Сао Паоло се урнал со 58 патници и 4 членови на екипажот. Во соопштението не се наведува што ја предизвикало несреќата, пренесува АП.

Пожарникарите потврдија дека авионот се урнал во градот Винхедо, но не дадоа дополнителни детали. Противпожарната единица испратила екипи на местото на несреќата.

Бразилската телевизиска мрежа GloboNews прикажа снимка од голема површина во пламен и чад што доаѓа од очигледен труп во станбена населба полна со куќи.