ПОЧЕТНА СВЕТ Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион Курск

Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион Курск

407

Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион Курск четири дена откако стотици украински војници ја преминаа границата и ја нападнаа областа.

„Оперативната ситуација во регионот Курск останува тешка“, изјави вршителот на должноста гувернер на Курск, Алексеј Смирнов, на каналот Телеграм.

Социјалните служби и здруженијата на граѓани се организираа за да им пружат помош на луѓето кои беа принудени да ги напуштат своите домови поради борбите, додаде тој.

Од Курск досега се евакуирани околу 3.000 жители.

Валери Герасимов, началникот на Генералштабот на руската армија, наводно ги игнорирал предупредувањата на разузнавачките служби дека украинските трупи се собираат во близина на границата со Курската област. Уште пред две недели бил информиран за собирот на Украинците, а извори од Кремљ тврдат дека Путин е бесен поради тоа, пренесе Н1.

Во отворениот дел од седницата на рускиот Совет за безбедност, рускиот претседател Путин ја започна седницата со зборовите: „Ќе треба да почнеме со настаните во регионот Курск“.

Има малку сигурни информации за ненадејната украинска операција, а нејзините стратешки цели и натаму се нејасни.

Украинските власти одбија да дадат конкретен коментар за упадот, што се случува на околу 500 километри југозападно од Москва.