Четиричлено семејство од Македонија е повредено во сообраќајна несреќа што рано утрово се случила на автопатот кон Солун при влез во Грција, откако, од засега непознати причини, автомобилот излетал од патот, а според локалните медиуми, сите патници биле пренесени во болница, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што пишуваат медиумите од северна Грција, несреќата се случила околу 8.15 часот утрово, а во возилото се превезувал брачен пар на возраст од 48 и 50 години и нивните две малолетни деца на 11 и 15 години.
Автомобилот излетал од патот и се превртил, а во сообраќајката не учествувале други возила.
Од противпожарната служба на Грција соопштија дека десет пожарникари со шест возила интервенирале за мажот да биде извлечен од превртеното возило, по што со возило на брза помош бил пренесен во болница