ПОЧЕТНА СВЕТ Мали ги прекина дипломатските односи со Украина

Мали ги прекина дипломатските односи со Украина

91

Африканската држава Мали синоќа објави дека ги прекинува дипломатските односи со Украина.

Причината е што „висок украински функционер“, според Мали, ја признал „вклученоста“ на Киев во тешкиот пораз на армијата на Мали и руската паравоена група „Вагнер“ на крајот на јули во борбата против сепаратистите и џихадистите во таа земја.

Преодната влада на Мали одлучи „веднаш да ги прекине дипломатските односи со Украина“, изјави портпаролот на таа влада, полковник Абдулаје Маја.