ПОЧЕТНА СВЕТ Насилни протести во Англија: Демонстрантите запалија хотел за мигранти (ВИДЕО)

Насилни протести во Англија: Демонстрантите запалија хотел за мигранти (ВИДЕО)

146

Поголема група демонстранти против мигрантите денеска нападнаа хотел во англискиот град Ротерам во кој се сместени баратели на азил и го запалија.

Многумина беа обвиени со англиски знамиња, а ги пречекаа учесници на контра-митингот кои извикуваа слогани за поддршка на мигрантите, пишува Мирор.

Тензиите ескалираа, а видеата на социјалните мрежи покажаа демонстранти како фрлаат предмети кон полицијата, принудувајќи ги да се повлечат.

Демонстрантите потоа ги скршиле стаклата на хотелот, а потоа ја запалиле зградата.

Откако синоќа избија насилни протести ширум Англија, досега се уапсени најмалку 100 лица, а за денеска се најавени нови демонстрации во повеќе градови.

Немири и протести беа предизвикани од напад со нож во градот Саутпорт каде 17-годишник уби три девојчиња на час по танц.