ПОЧЕТНА СВЕТ ВИДЕО: Големи пожари во Хрватска, огнот дојде на 20 метри од куќи

ВИДЕО: Големи пожари во Хрватска, огнот дојде на 20 метри од куќи

323

Двата пожари горат во Хрватска, во сплитско-далматинската жупанија, во Тучепи и во Вршине кај Трогир, сеуште не се изгаснати, потврдија во Противпожарниот и оперативниот центар на сплитската жупанија.

Во Тучепи 306 пожарникари со 77 возила од вторникот вечерта се обидуваат да го изгаснат пожарот на отворен простор, кој поради ветерот го зафати паркот на природата Биоково, а стигна до Подгора, каде што жителите во текот на ноќта беа префрлени од нивните куќи на училиште. На тој простор досега изгореа околу 400 хектари макија, ниска вегетација и борова шума.

Од вчера попладне гори во Врсине кај Трогир. И тука станува збор за отворен и тешкопристапен терен, што го отежнува гаснењето. Горат макии, трева и борова шума, а пожарот зафатил површина од околу 500 хектари. На колегите од Трогир им помагаат пожарникари од Слатина, Округ, Шегет Врањица, Марина, Каштела, Дугопоље, Сињ, Сплит, Триљ и Жрновница, вкупно 18 возила и 57 пожарникари. Вчера попладне беа подигнати силите од Лика-Сењ и Копривничко-крижевачка жупанија.