ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Активен пожарот во Старо Нагоричане, во Куманово состојбата стабилна

Активен пожарот во Старо Нагоричане, во Куманово состојбата стабилна

115

Активен е пожарот во општина Старо Нагоричане во селата Малотино и Рамно, додека на подрачјето на Куманово нема активни пожари, информираа денеска од Центарот за управување со кризи и од територијалните противпожарни единици на Старо Нагоричане и Куманово.

Во Малотино и Рамно гори мешана шума.

Пожарот вчера се префрли во боровата шума. Покрај екипи на противпожарни единици на Старо Нагоричане и соседните општини, во гасењето беа вклучени и две теренски возила на „Национални шуми“ од кумановската и од подружницата од сесдна општина Крива Паланка.

На подрачјето на општина Куманово, нема активни пожари. Три интервенции имале и пожарникаите од Куманово, гаселе сува трева и стрниште во Романовце, во Ново Село и во населбата „Бабинн дол“.