ПОЧЕТНА СВЕТ Убиен политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије

Убиен политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије

115

Корпусот на иранската револуционерна гарда соопшти дека Исмаил Ханије, политичкиот водач на палестинската екстремистичка група Хамас, прогласена за терористичка организација од страна на Соединетите Држави и ЕУ, е убиен во Техеран во напад за кој го обвини Израел.

Хамас ја потврди веста во објава на својот канал Телеграм на 31 јули, велејќи дека Ханије е убиен во „воздушен напад врз неговата резиденција во Техеран“.

Допрва треба да има потврда од израелската страна.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас веднаш го осуди убиството, според палестинската државна новинска агенција ВАФА.

Ханије беше во Техеран за да присуствува на церемонијата на инаугурација на новиот претседател на Иран, Масуд Пезешкијан на 30 јули.

Претходно, на 30 јули, Израел тврдеше дека го „елиминирал“ Фуад Шукр, милитантниот командант на Хезболах за кој Израел тврди дека стои зад ракетниот напад викендов во кој загинаа 12 израелски млади луѓе.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во објава на мрежата на социјалната мрежа Х објавија дека Шукр ги „режирал“ нападите на Хезболах.

Немаше итен одговор од Хезболах, кој исто така е означен како терористичка организација од страна на САД.

Шукр беше баран од американските власти поради неговата наводна вмешаност во нападот врз американските трупи во Бејрут во 1983 година. Вашингтон понудил до 5 милиони долари за информации за Шукр, кој е познат и како ал-Хаџ Мохсин и е на терористичката листа на САД.

Хезболах негираше дека е одговорен за нападот на 27 јули во Голанската висорамнина окупирана од Израел, но Израел вети дека ќе возврати на групата поддржана од Иран.

Израел вети дека ќе ги убие водачите на Хамас поради нападот на групата на 7 октомври во израелска територија во кој загинаа 1200 луѓе. Околу 250 други беа земени како заложници, од кои некои се ослободени.

Некои од заложниците загинаа додека беа во Газа каде што Израел спроведува масовна воена операција за која вели дека има за цел да го елиминира Хамас. Се верува дека некои од заложниците се уште се живи.

Во израелски воздушен напад во Газа во април пак, беа убиени и тројцата сина на Исмаил Ханије и четири негови внуци.