ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Иран крена црвено знаме над џамијата, еве што значи

Иран крена црвено знаме над џамијата, еве што значи

595

ИРАН го крена црвеното знаме на одмазда над куполата на џамијата Џамкаран по атентатот на лидерот на Хамас Исмаил Ханија.

Црвеното знаме ја симболизира крвта на мачениците и повикува на правда и одмазда.

„Наша должност е да се одмаздиме“

Наша должност е да се одмаздиме“, изјави претходно денеска иранскиот врховен лидер Али Хамнеи.

Последен пат знамето се појави во пресрет на иранскиот ракетен и беспилотен напад врз Израел во април оваа година, пишува Кашмир Обсервер.