ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Во Светниколско во три села вчера изгорели околу 40 куќи, од кои...

Во Светниколско во три села вчера изгорели околу 40 куќи, од кои поголем дел се напуштени

1937

Околу 40 куќи, од кои поголем дел се стари, но и нови, кои се живеалишта на жителите во селата Малино, Немањици и Орел вчера доцна попладнето беа пеплосани од огнените јазици, кои брзо се ширеа поради ветерот, се првичните проценки на штетети според градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев.

Тој за МИА вели дека претпладнево нема опасност огнот да влезе во населени места, но горат површини со земјоделски култури.

Посочува дека во текот на ноќта брзо е интервенирано од страна на сите сили и огнот од селото Ерџелија е држен на растојание од околу еден и пол километар.

Во Светиниколскиот регион денеска на пожарите се интервенира и од земја и од воздух.