Силна експлозија се слушнала во Бејрут, главниот град на Либан, јавуваат израелските медиуми. Како што пишува Jerusalem Post, целта бил висок командант на Хезболах.
Со денови се очекуваше израелска одмазда за ракетниот напад на фудбалското игралиште на окупираната Голанска Висорамнина, каде загинаа десет лица.
Израелците го обвинија Хезболах за тој напад и најавија одмазда. Хезболах нагласи дека тие не се одговорни за нападот.
Како што веќе пишувавме, со денови траеше треската дипломатска активност на Американците, кои се обидоа да го задржат Тел Авив и се обидоа да го одвратат Израел да го нападне Бејрут и важната инфраструктура низ земјата.
Medios del Líbano reportan numerosas explosiones en Beirut.
Via @HananyaNaftali pic.twitter.com/3dl1oqw9WY
— Fuente Latina (@FuenteLatina) July 30, 2024