ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Пожарот во Дојран е ПОДМЕТНАТ – пронајдени се канти со моторно масло

Пожарот во Дојран е ПОДМЕТНАТ – пронајдени се канти со моторно масло

2353

Голем пожар избувна во Стар Дојран кај депонијата, во месноста Карач и според информациите оттаму се зафатени три куќи. Се евакуираат жителите, а повредени нема.

Веста ја потврдија градоначалникот на Дојран, Анго Ангов и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Според Ангов, се работи за голем пожар кој гори веќе неколку часови и во неговото гаснење покрај месното население учествуваат пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и Струмица.

„Апелираме за помош од Дирекцијата за заштита за и спасување, бидејќи досега не успеваме да се справиме со огнената стихија која под налетите на силниот ветрот се шири многу бргу. Пожарот најверојатно е подметнат, бидејќи на местото каде што гори пронајдевме канти од моторно масло“ изјави за МИА градоначалникот Анго Ангов.

Покрај овој пожар, на територијата на Општина Дојран избувна уште еден кај селото Николиќ, кој се префрлил на грчката страна од Дојранското Езеро.